Изградбата на спортската сала во Конче стартуваше летово.Според изведувачот активностите се одвиваат според предвидената динамика и утврдениот план.
Спортска сала се гради со средства на Министерството за образование, во дворот на ООУ “Гоце Делчев” во општинскиот центар Конче и истата би требало да биде готова за почетокот на следната школска година.
,,Изградбата на спортската сала се одвива во полн ек, ова ќе биде првата спортска сала изградена во општина Конче, овој проект беше еден приоритетните проекти за кој вложивме голем труд за да успее, како што најавивме и претходно општина Конче ќе продолжи да вложува во проекти за развој на младите и подобрување на условите за нивното образование’’, напиша на ФБ градоначалникот на Конче, Благој Илиев.
Освен за учениците и за потребите на образовниот процес, првата спортска сала во општина Конче може да се користи и за рекреативни цели се со цел развој на младите и генерално за развој на спортот во ова мала општина, која контуинирано ги поддржува спортските клубови и турнири што се организираат во рамките на ова локална самоуправа.