По светската премиера на филмскиот фестивал во Рим и проекциите во Скопје, Охрид, Штип и Битола, филмот „Врба“ ќе се прикажува и во Македонска Каменица. На задоволство на каменичката и публиката од регионот, прокецијата на најновото филмско остварување на Милчо Манчевски, ќе се одржи во четврток на 14. Неомври 2019 година во Домот на култура со почеток од 19:00 часот.
Во актерската екипа се: Петар Мирчевски, Сара Климоска, Наталија Теодосиева, Никола Ристески Ненад Нацев, Камка Тоциновски, Благој Чоревски, Ратка Радмановиќ, Ана Костовска, Лазе Манасковски, Катина Иванова, Кире Ѓоревски, Адем Карага, Јелена Јованова-Периќ… Директор на фотографија е Унгарецот Тамаш Добош, дизајнер на продукција е долгогодишниот соработник на Манчевски, Британецот Дејвид Манс.
Прикажувањето на филмот „Врба“ во Македонска Каменица се реализира преку КИЦ „Романса“, односно општина Македонска Каменица и Совет на општина Македонска Каменица.
Општина Македонска Каменица преку обезбедувањето на дигитална опрема за прикажување на филмови во Домот на култура, на своите и граѓаните од регионот им овозможи следење на најновите филмски остварувања.