Во радовишкиот дел на планината Плачковица деновиве се одржа ликовната колонија „Караманов“, која беше во рамките на годинашната манифестација „Самун ем татлија“, а беше и дел од програмата по повод „1000 години Радовиш“.
На оваа меѓународна колонија, која се одржува по втор пат, учествуваа 14 ликовни уметници од Македонија и од Србија.
И гостите и делгациите од Македонија и од повеќе балкански земји, кои беа присутни на манифестацијата „Самун ем татлија“, имаа можност да ја посетат Колонијата и да ги погледнат уметничките дела што ги изработија учесниците на „Караманов 2019“.