Во тек е асфалтирање на регионалниот пат Радовиш – Струмица од клучката Радовиш до клучката Воиславци со должина од 4,5 километри. Се поставува нов асфалтен слој со дебелина од 11 сантиметри. Во рамките на санацијата се отстрани дел од асфалтниот слој и се коригира рамноста на патот.
До крајот на следната недела се очекува патот да биде пуштен во употреба.