Денот на Општината и Денот на рударите и оваа година во едно ги спојува Каменичкото културно лето, што по единаесетти пат ќе се одржи на 27-ми и 28-ми август .
На Градскиот плоштад покрај македонските Анета и група Молика, 2 БОНА и локалниот бенд Риплеј, потврдени се и настапите на српските музички ѕвезди Наташа Беквалац, група Галија и Тропико бенд.
За време на Каменичко Културно Лето се очекува дека повеќе од 20 000 посетители ќе дојдат во Македонска Каменица и ќе имаат можност да уживаат во бесплатните концерти на популарните изведувачи.