Градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов, деновиве оствари средба со младите борачи, тренерите и раководството на борачкиот клуб „Бучим“. Повод за приемот беше успешното учество на меѓународниот турнир што се одржа во Јалова, Турција, на 26 и на 27 јули.
На турнирот учествуваа вкупно 120 борачи од 16 екипи од повеќе земји, како Шпанија, Молдавија, Косово, Бугарија, Турција.
Од БК „Бучим“ учество на силниот турнир зедоа девет борачи во различни категории, а се вратија со исто толку медали.
Михајло Илиев освои прво место, Мехмет Усеинов и Илија Атанасов – второ, а трети беа Стефан Митев, Мартин Иванов, Ѓорѓи Ѓорѓиев, Гоше Павлов, Зорица Јованова и Христина Ѓорѓиева.
Градоначалникот Конзулов им ги честиташе успесите младите радовишки борачи и им посака многу успеси и во иднина.