Се известуваат граѓаните на општина Конче дека во соработка со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион е планирано второто авио-третирање против комарци.
Второто прскање е планирано да се изврши на 24.07.2019 година во раните утрински часови, односно во период од 04:30 до 09:30 часот. Доколку временските услови не дозволат да се реализира прскањето, истото ќе се спроведе на 25.07.2019 година во период од 04:30 до 09:30 часот.
Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.