Невремето што ја зафати општината Радовиш во втората половина на мај предизвика оштетување на дел од уличната мрежа во населените места Воиславци, Сулдурци и Калуѓерица.
Согласно своите овластувања, Општина Радовиш спроведе оперативни активности за санација на штетите во населените места и на дел од полските патишта. Паралелно со изведувањето градежни работи, а врз основа на поднесени пријави за претрпени штети, теренски активности спроведе и Комисијата за елементарни непогоди за општината Радовиш.