Во општинскиот сервис „Систем 48“ во текот на месец февруари биле доставени вкупно 107 пријави, од кои решени и одговорени се 85 пријави. Останатите 22 се во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа.
Најголем број од пријавите доставени до „Систем 48“ во изминатиот месец се од областа на уличното осветлување 73, од областа на собирање смет 6, водовод и канализација 15, паркови и зеленило 11, општински инспекциски служби 1 и исто толку за улици, патишта и тротоари. Од општинскиот сервис „Систем 48“ има се заблагодаруваат на граѓаните за довербата и користењето на неговите услуги и истовремено апелираат за навремено пријавување на бесплатниот телефонски број 080014848, за да можат општинските служби во предвидениот рок да интервенираат и да ги решаваат пријавените проблеми.