Изминатиот периот се реконстраше улицата „Вера Јоциќ“ во централното градско подрачје на Македонска Каменица. Реконструкцијата на улицата со вкупна должина од 470 метри и ширина на коловоз 5,5 метри.
Во текот на изминатиот период, по целосното отстранување на дотраениот асфалт, беа поставени граничници и тротоари на обете страни на коловозот. Исто така, беше инсталирана и нова атмосферска и фекална канализациона мрежа.
Со ова, општина Македонска Каменица трајно го решава овој инфраструктурен проблем на жителите од овој дел на градот. Обезбедува полесен пристап на населението до своите домови и поврзувањето со фрекфентните улици Каменичка и улица 14-ти Јуни.
Вредноста на договорот за изградба на улица „Вера Јоциќ“ е 8.798.351 денари, кој изведувачот „Коле Транс Инжинеринг“ ДОО – Штип го спроведува според динамиката која му е зададена во склучениот Договор за изградба на улица Вера Јоциќ.