ЈП Камена река ги покани сите заинтересирани граѓани, а пред се’ младите да понудат свои креативни решенија за уредување на таканаречениот „Титов парк“. Овој парк е со површина од 4326 м2 и очекувањата се да се добијат идеи за уредување во еден модерен градски парк како место за рекреација. Паркот пред се’ треба да биде простор за младите во кој поголем дел од слободното време ќе го поминуваат во него, но и парк за сите граѓани, собиралиште на луѓето од градот заради одмор и релаксација.
Предлог решенијата треба да предвидуваат непречено движење на пешаците, да се постави урбана опрема со која ќе се задоволат сите потреби за одмор, забава и рекреација.
Mожни елементи кои би помогнале при уредување на паркот:
• Поставување на клупи и уредени места за седење со соодветна урбана опрема;
• Фонтана за пиење вода;
• Осветлување ;
• Хортикултурно уредување на просторот, земајќи ги во предвид постоечката вегетација од дрвни видови
• Поставување на елементи со рампа за возење на скејтборд, ролери и БМХ велосипеди- со што би надополнила содржината и би се зголемила посетата на една нова група корисници посетители на паркот – скејтери, ролерџии и БМХ-бајкери.
Учесниците на конкурсот при изработка на предлог решенијата за уредување на паркот треба да го имаат во предвид следново: поголем дел од површината да биде покриена со зеленило, со оглед на специфичната форма (со приближна ширина од 20m и должина од 230 m) и местоположбата на паркот, да се запази постоечкиот дрворед со мали корекции, помошната зграда може естетски да се уреди, да се запази кока кола фитнес зоната и детското игралиште и на одредени места паркот да се поврзе со кејот кој е во фаза на доизградба. Секој учесникот може да добие детал од урбанистички план од самата локација за изработка на решението.
Предлог решенијата за уредување на паркот се предаваат во форма на скица на хартија во формат мин. А3, спакувани во затворен пакет, со опис на паркот и придружните елементи, и истите пожелно е да бидат и во JPG формат.
Дополнително, доколку авторот смета дека подобро ќе ја долови својата идеја, може: скиците да имаат графичката обработка, која треба да биде на високо ниво на идејно решение, техниката на презентацијата може да содржи 3-Д анимација или 3-Д слајдови, како и фотомонтажа на идејното решение со сегашната постоечка ситуација, кои доколку учесникот ги изготви треба да бидат доставени во електронска форма на ЦД со ЈPG екстензија.
Предлог решенијата за уредување на паркот кои ќе достват 3-Д анимација или 3-Д слајдови, како и фотомонтажа на идејното решение со сегашната постоечка ситуација нема да бидат во преде план пред другите, односно нема да влијаат на одлуката за избор.
Дополнителниот формат на предлог решенијата за уредување на паркот (3-Д анимација, 3-Д слајдови или фотомонтажа на идејното решение со сегашната постоечка ситуација) нема да бидат во преде план пред другите, односно нема да влијаат на одлуката за избор.
Доставување на Предлог решенијата за учество на конкурсот:
Предлог решенијата (секоја со наслов/ име на паркот), да се достават со наведена шифра на учесникот на конкурсот, во плик во кој ЗАДОЛЖИТЕЛНО во помал затворен плик со истата шифра се доставуваат личните податоци за учесникот (име, презиме, телефонски број и сл.)
Секој учесник кој при отварањето на предлог решенијата нема затворен плик со податоци и за кој јасно може да се определи за која личност станува збор ќе биде дисквалификуван и предлозите нема да се разгледуваат
Предлог решенијата да се испратат на адреса: ЈП Камена река М.Каменица , ул.,,Рударска,, бр. 7, 2304 М.Каменица, со назнака: ,,За награден конкурс „ најдоцна до 22.03.2019 година (ден) до 14.00 часот.
Предлозите за уредување на паркот ќе ги оценува жири комисија формирана од страна на ЈП Камена река М.Каменица составена од 5 члена (претставници на ЈП Камена река М.Каменица и претставници на општина Македонска Каменица)
ЈП Камена река најдоцна до 22.03.2019 година до 16.00h ќе ги објави доставените предлози на официјалната страна на Facebook за да можат сите заинтересирани да гласаат. Гласањето се врши со ставање Like/реакција на соодветниот предлог, во периодот од објавата 22.03.2019год. најдоцна до 26.03.2019 год. до 12.00 часот.
Критеруми на гласање:
Наградено ќе биде предлог решението кое ќе добие најмногу бодови согласно гласањето на Facebook страната на ЈП Камена река М.Каменица и бодовите добиени од страна на комисијата.
Секој член од комијата има право да гласа за три предлози на кои им дава 15 бода,10 бода и 5 бода.
Гласањето на Facebook страната на ЈП Камена река М.Каменица ќе се врши со ставање Like /реакција на предлогот .
Првите три предлози кое ќе добијат најмногу лајкови/реакции на Facebook страната на ЈП Камена река М.Каменица ќе добие 15 бода,10 бода и 5 бода соодветно.
Со предавањето на предлог решенијата за учество на Конкурсот секој учесник потврдува дека:
– е автор на предлог решението-идејата
– ги отстапува авторските права на ЈП Камена река М.Каменица со неограничено право да ги објавувува, разменува, печати или пренесува на трети лица.
Доколку комисијата оцени дека ниту еден од доставените предлог решенија идеи за уредување на паркот не ги задоволуваат поставените критериуми, го задржува право да не избере ниту еден предлог.
- Услови за конкурирање
- Повикот е општ и јавен, а право на учество имаат сите заинтересирани граѓани
2. За избор на предлог за уредување на парк може да се напреваруваат само предлог решенија за кои учесниците на конкурсот ги имаат доставено потребните елементи: - a) Предлозите да се предадени во форма на скица на хартија во формат мин. А3, спакувани во затворен пакет, , со опис на паркот и придружните елементи.
- b) Предлозите да се достават со наведена шифра на учесникот на конкурсот, во плик во кој ЗАДОЛЖИТЕЛНО во помал затворен плик со истата шифра се доставуваат личните податоци за учесникот (име, презиме, телефонски број и сл.)
- Секој може да достави повеќе предлози, но под различна шифра.
- На Конкурсот немаат право на учество вработените во ЈП Камена река М.Каменица и вработените во општина М.Каменица и нивните семејства.
- Награди
5.По разгледувањето на доставените предлози и спроведеното гласање се одбира еден предлог за уредување на паркот кое добило најмногу бодови по
спроведеното гласање, на кого му се доделува парична награда во износ од 25.000,00 денари
На сите останати учесници им се доделува симболична награда и благодарница за учество на конкурсот.
III. Рок
6.Јавниот повик е отворен до 22.03.2019 година, до 14 часот.
7. Предлозите се доставуваат на адреса ЈП Камена река М.Каменица, ул.,,Рударска,, бр.7, М.Каменица по пошта или на рака.
8.Одлуката за најдобар предлог комисијата ќе ја донесе и објави најдоцна до 26.03.2019 год. до 15.00 часот
9.Сите дополнителни информации може да ги добиете писмено на електронска пошта jpkamenareka@jpkamenareka.mk, или по телефон на број 033/432-694.