На последната седница, Советот на Општината Македонска Каменица распредели 4.5 милиони денари од општинскиот буџет на спортски клубови и граѓански здруженија, кои се јавија на јавниот повик. Најмногу средства доби возобновениот ФК „Каменица Саса“, 2,1 милиони денари, со кои ќе се обиде да го задржи своето место во Втората македонска фудбалска лига – Исток.
Меѓу 15-те апликанти кои добија средства од Општината се главно спортски клубови, а има и неколку граѓански здруженија.
Советот на Општина Македонска Каменица, нема на остане само на оваа поддршка, туку планирано да се извојуваат дополнителни среств,а со кои општината активно ќе се вклучи кон овозможување на основни услови за одржување и помагање во реализацијата на проектите организирани од правни и физички лица, кои во изминатиот период во континуитет работат во областа на културата и спортот во општината.
Советот во рамките на 17-та редовна седница, расправаше и по Предлог- Oдлуката за усвојување на Извештај за извршен попис на парични средства на жиросметките, благајната, побарувањата, градежните објекти, улици, патишта и опрема на општина Македонска Каменица за 2018 година и препораки по пописот на Општина Македонска Каменица за 2018 година