Проектот на општина Конче е рангирана на прво место на листата за приоритетни регионални предлог – проекти по програмата за Рамномерен регионален развој на Југоисточниот плански регион.
Вака беше одлучено на седницата на советот на Југоисточниот плански регион што се одржа во општина Конче. Вредноста на проектот е 12 милиони денари. Овие средства ќе се искористат за реализирање на инфраструктурни проекти во сончевата населба на езерото Мантово.
,,Оваа езеро е од големо значење за нашиот регион и по Дојранското езеро е најголемата водена акумулација во регионот,, велат од локалната самоуправа.
На осмата по ред седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион присуствуваа и државниот секретар од министерството за локална самоуправа Кирил Парталов и директорот на Бирото за регионален развој Рамиз Реџепи.