На секои два дена од Штип се иселувал по еден ученик од почетокот на учебната година. Ова сликовито претставено произлегува од податоците што ги добивме за бројот на деца од основните училишта во Штип, кои побарале и добиле исписница. Во овој документ, според Секторот за образование, стои точната причина зошто се зема исписницата. Врз база документот, од Секторот потврдија дека од септември да по крајот на ноември, односно за три месеци во странство заминале 48 ученици од основно образование.
Дополнително, од средните училишта, со исписница за иселување во странство, се испишале уште 15 ученици. Нема податоци колку точно семејства се иселеле од Штип за овие три месеци, но бројките се доволно индикативни. И за разлика од минатите години кога се чекаше да се заврши училишната година, па се повлекуваа децата во земјите каде работат нивните родители, последните две годни, децата се отпишуваат од училиште во било кој период од училишната година. Инаку, во основните училишта во Општината Штип, настава посетуваат над 4000 ученици.
Од податоците од останатите општините во Источниот регион, произлегува дека процесот за иселување е најизразен во Штип. Во Кочани за овие три месеци се испишале 18 ученици. Од училиштата си заминуваат и наставници.
Според податоците на Општина Кочани, од јавната администрација, каде спаѓаат вработените во образовените, работата ја напуштиле четири наставници.
Во Делчево се отпишале 13 основци, но има и 6 новозапишани ученици, додека во Македонска Каменица, каде изминатите години имаше значајно ислеување, од почетокот на учевната година се заминале само двајца ученици.