Летото во Штип е во знакот на засилени инфраструктурни активности. Се градат нови или се санираат и обновуваат вкупно 32 улици во градот.
Општината предвидува изградба на пристапен пат за населбата Суитлак, пристапни улици во населба Горна Железничка, како и во Блок 2000.
За овие инфракструктурни зафати предвиден е износ од две милиони и
600.000 евра граѓански пари. Освен улици, градоначалникот Благој Боварски најави изградба на тротоари кон Кампус 4 на УГД, а се обновуваат старите, како на пример тротоарот кон Клиничка болница, на улицата „Козјак планина”.
-Се градат новите улици во близина на објектот „Луна Комерц”, како и улиците „11 Конгрес” и 6 и 7 во населба Баби, две улици кај Радански пат и шест улици кај Сончев Град кај населбата Дузлак. За улиците во градот, Општина Штип во моментов вложува вкупно 38.353.441 денари. Предвидена и изградба на пристапен пат за населбата Суитлак, пристапни улици во населба Горна Железничка, во Блок 2000, како и многу други проекти, соопшти градоначалникот Бочварски.
Општината со јавните претпријатија работи на реконструкција на игралиштето во населба Блок 2000, а исто така се поставени десет активни зони за вежбање.
Се поставуваат канализациони мрежи во населбите Баби и Суитлак. Исто така и се врши поврзување на новите бунари во системот за бунарско обезбедување со вода.
Во центарот на Штип, граѓаните можат да забележат дека интензивно се гради уште една паркинг платформа на реката Отиња.
-Очекувам за триесетина дена оваа платформа да биде готова, во функција.
Ние ја инвестиравме бидејќи сметаме дека граѓаните на Општината Штип треба да добијат паркинг простор. Не е за никакви инвеститори или објекти што ги има низ градот, туку ќе биде за граѓаните. Не сме одлучиле дали со таа платформа ќе стопанисува ЈП „Стипион“ со наплата на паркинг или ќе биде дадена под концесија. Како и да, ние ја инвестираме, ќе биде платена и е сопственост на Општината Штип. Немаме донесено одлука, но што и да донесеме како одлука, таа платформа е наменета за граѓаните, а не за одреден објекти, изјави градоначалникот Бочварски.
Во инфраструктурните проекти чија вкупна вредност изнесува 161.471.891 денари, Општина Штип партиципира со 142.780.543, а остатокот се добиени од државата.