Работилница: „Подобрување на општинското владеење“
Денеска, 11.07.2018 г., ќе се одржи еднодневна работилница на тема „Подобрување на општинското владеење“, организирана од страна на Центарот за развој на источен плански регион. Работилницата ќе се одржи во хотел „Изгрев“ со почеток во 10:30 часот, а на неа ќе се дискутира за грантовата шема за Центарот за развој на источен плански регион, финансирана од страна на UNDP.
Настани во рамки на Штипско културно лето
Денеска, 11 јули (среда) во ОУК Дом на млади со почеток во 22:00 часот ќе се одржи концерт Jazzna.
Тркалезна маса „WE MAKE: Женско претприемништво за конкурентност“
Вчера се одржа тркалезна маса која е дел од активностите на проектот „WE MAKE: Женско претприемништво за конкурентност“, финансиран од Европската Унија.
Целта на тркалезната маса е да се разговара за важноста на учеството на жените во претприемништво, економската стабилност, активното учеството на активните чинители вклучувајќи ги институциите, локалните и регионалните тела, подготвеноста на целната група за поддршка и учество во јакнење на женското претприемништво, како и да се објаснат очекуваните резултати од нивното залагање. Проектот го спроведуваат GTF – Иницијативата за одржлив раст од Република Хрватска и Здружението на бизнис жени, финансирани преку ИПА, во текот на целата 2018 и дел од 2019 година.
Организациите спроведувачи активно реализираат активности, во повеќе фази, со повеќе општествени партнерства, заедно со сите релевантни и засегнати чинители, за подобрувањето на можностите на младите жени и девојки, во ИKТ и СТЕМ секторот, за вработување и самовработување, во избраните општини од осумте плански региони, каде проектот се реализира, односно во Битола, Струга, Велес, Тетово, Куманово, Штип, Струмица и Скопје.
Иницијален состанок на координативно тело за развој на туризам во источен плански регион
Вчера се одржа иницијален состанок на координативното тело за развој на туризам во источен плански регион.
Дневни активности на јавни претпријатија
Денеска ЈП „Стипион 2011“ ќе работи на:
– Реконструкција на тротоар на Бул. ЈНА
– Реконструкција на мал плоштад пред пензионерски дом
– Тампонирање улица во Железничка
– Санирање ограда на игралиште во Пребег
– Замена на улични светилки во градот
– Обележување хоризонтална патна сигнализација
РЕ Водовод и канализација при ЈП „Исар“ ќе ги извршува следниве работни активности:
- Ул Мирче Ацев санирање на дефект на водоводна линија
- Ул Косовска санирање на дефект на водоводна линија
- Ул Ванчо Прќе кај Стопанска банка санирање на дефект на водоводна линија и реконструкција
- Во Нас Горна Железничка санирање на дефекти на водоводна линија
- Изведба на нова водоводна линија за нас Балканска и с. Чардаклија
- Санирање на површини после дефекти на ул Крушевска република, Кирил Пејчиновиќ и Сутлак
- Канализација – разни локации во градот
РЕ Паркови и зеленило при ЈП „Исар“ ќе ги извршува следниве работни активности:
– Косење трева низ Градски гробишта
– Косење покрај пешачка патека од нас Балканска кон нас Македонка
– Косење трева покрај стамбени објекти во нас Осми Ноември
– Наводнување жардињери кај Автобуската станица
– Тековно одржување на корито на река Отиња
– Косење стадион во Суитлак