Увид во инфраструктурно уредување на краци од улици во Стар Караорман
Денеска, 27.06.2018 г., градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, ќе направи увид во инфраструктурното уредување на краци од улици во Стар Караорман со почеток во 11:00 часот.
Прес конференција за Штипско културно лето
Денеска, 27.06.2018 г., ќе се одржи прес конференција за триесет и третото издание на Штипско културно лето во ОМЦ „Киро Глигоров“ со почеток во 11:30 часот. Прес конференцијата ќе ја одржи Кирил Панајотов, советник за култура во Општина Штип.
Информативна средба и Фокус група во рамки на проектот „Градење на посилни локални мрежи за подобрување на заштитата на правата на децата Роми“
Денеска Со почеток во 14:00 часот ќе се одржи Информативна средба и Фокус група во рамки на проектот „Градење на посилни локални мрежи за подобрување на заштитата на правата на децата Роми“, кој е синергија со програмата РОМАКТЕД од Советот на Европа.
Инаку, во рамките на програмата РОМАКТЕД од Советот на Европа, денеска ќе се одржи средба со CAG Акционата група од заедницата од претставници на Ромската заедница, потоа продолжува заеднички состанок помеѓу Акционата група од заедницата и Општинската работна група на Општина Штип за спроведување на програмата РОМАКТЕД во Општина Штип каде ќе се одредат приоритетите за работа на заедницата и општината за Ромската заедница во Општина Штип.
Седница на Совет на млади на Општина Штип
Вчера се одржа седница на Совет на млади на Општина Штип. Фокусот на седницата беше кон практичната работа во штипскиот Дом на млади,којашто ќе се одвива за време на престој на шест студенти од Велико Трново, Бугарија, кои во сабота пристигнуваат во Штип и ќе престојуваат овде до крајот на август. Овој престој и проект е обезбеден преку програмата Еразмус. Ќе се организираат филмски проекции на современи бугарски филмови, а неколку вечери ќе бидат посветени на нивната култура и традиција, којашто ќе ја промовираат пред нашите млади сограѓани.
Седница на Комисија за спорт
Денеска ќе се одржи седница на Комисија за спорт при Совет на Општина Штип со почеток во 10:00 часот во сала 2 на Совет на општина Штип.
Дневни активности на јавни претпријатија
Денеска ЈП „Стипион 2011“ ќе работи на:
– Реконструкција на тротоар и атмосферска канализација на Булевар „ЈНА“
– Чистење сливница и атмосферска канализација на улица „Ванчо Прќе“
– Чистење депонија во Пребег