Денеска, 20.06.2018 г., во ОМЦ „Киро Глигоров“ ќе започне меѓународната конференција Future of Europe – Reload во склоп на проектот „Обединета Европа“. Претставници од шест европски држави наредните денови ќе престојуваат во Штип. Општина Штип ќе биде домаќин на делегации од градовите: Монтсерат во Шпанија, Викторија во Романија, Сетубал во Португалија, Нугеду Санта Виторија во Италија, Озаров Мазовиецки во Полска и Аксаково во Бугарија. Во рамки на денешните активности предвидени се сесиите “We are proud to be Europeans” и “Euroscepticism and its role for the future of Europe”. На сесиите излагање ќе има градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски. Предвидена е изјава за медиуми со почеток во 14:00 часот.
Buskerfest во Штип
Денеска и утре во Штип ќе се одржи уличниот фестивал Buskerfest/Баскерфест, којшто претставува прв меѓународен и мултикултурен уличен фестивал во Македонија, признат како најголем настан од ваков вид во регионот. Станува збор за значајна културна атракција во многу земји, во чијашто програма се вклучени повеќе од 50 артисти, акробати, танчери, магионичари, музичари, жонглери.
Оваа традиција продолжува секоја година со сѐ повеќе учесници од различни земји во светот, како што се Австралија, Канада, Аргентина, Полска, Италија, Нов Зеланд, САД, Германија, Ирска, Јапонија, Колумбија,Боливија и други земји. Ова е фестивал со уникатен концепт и нова, поинаква понуда за својата публика: десет дена целосно исполнeти со исклучително фестивалско искуство и слобода на сосема нов начин, атракција под отворено небо која преќу ноќ го претвора Скопје во „street art“ град на забавата наречен Баскерфест. Баскер ја пречекува публиката не само со улични артисти и музика во живо, но и со низа различни понуди за незаборавна забава: претстави, пантомима перформанси, улични танчери, креативни активности, ликовни изложби, базар на ракотворби, работилници!
Посетителите ќе имаат можност да проследат, но и интерактивно да се вклучат во повеќе од 20 точки на артисти од целиот свет. Ќе уживаат со акробатот Енди Ди од Канада кој изведува акробации со помош на огромен хулахоп, ќе се забавуваат на Мистер Ф од Франција- баскер изведувачот кој ќе ги освои со џиновскиот балон, крвта ќе им се смрзне од точката на Козани и Венди од Аргентина. Со Еспума Брума која оди на јаже ќе имаат адреналиско доживување, од далечната Јапонија ќе долета Хиро-Сан, мајсторот на боречките вештини, а ќе може да го погледнат и Максимо Оптимо кој беше дел од шпанската верзија на „Јас имам талент“, со точката која предизвика бурни реакции- жонглирање со моторни пили.
Ова се само дел од интересните баскер изведувачи кои ќе настапат на Баскерфест 2018, каде што покрај стандардната програма, оваа година посетителите ќе уживаат и во многу други интерактивни и едукативни содржини.
Овие два дена Штип ќе биде домаќин на урбани случувања, а на задоволство на сите граѓани.