Панел дискусија на тема „Локални младински зони“
Денеска, 19.06.2018 г., градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, ќе присуствува на панел дискусија на тема „Локални младински зони“, којашто ќе се одржи во рамки на настанот посветен на 19 години активно делување на Младински Сојуз – Крушево за вклучување на младите во процесите на донесување одлуки на локално, национално и регионално ниво. Градоначалникот Бочварски ќе има свое обраќање на дискусијата.
Фокусот на дискусијата ќе биде насочен кон потенцирање на важноста на младинското учество на локално ниво и анализа на истото од перспектива на носителите на одлуки од различни општини во Република Македонија. Настанот ќе се одржи од 14:00 до 16:00 часот во просториите на КИЦ Скопје.
Дискусија во врска со Локална стратегија за млади
Денеска, 19.06.2018 г., во Сала на борци во Општина Штип со почеток во 11:00 часот ќе се одржи дискусија во врска со Локалната стратегија за млади во Општина Штип. На дискусијата ќе присуствуваат претставници на повеќе засегнати организации, здруженија и ентитети. Локалната младинска стратегија на Општина Штип има цел да ја унапреди положбата на младите и да ги позиционира младите како партнер на Општина Штип при соочување со сите предизвици.
Форум за јавни политики: Справување со дезинформации
Денеска претставници на Општина Штип ќе присуствуваат на Форум за јавни политики на тема Справување со дезинформациите – Комбиниран пристап на властите, граѓанското општество и медиумите за долгорочни решенија, којшто ќе се одржи во голема сала на Совет на Општина Велес. Настанот е организиран во рамки на проектот на USAID за граѓанско учество во соработка со Влада на РМ.
Делегација од Општина Штип во посета на Општина Стражица, Р. Бугарија
Општина Штип на десетти мај годинава оствари средба со претставници од Општина Стражица во Република Бугарија, на којашто беше договорено да се продлабочи соработката помеѓу нашите две општини. Оваа соработка ја продолжуваме со тоа што Општина Штип денеска испраќа своја делегација од 60 лица кои ќе го претставуваат Штип кај нашите соседи.
Станува збор за делегација во чијшто состав влегуваат лица од образовни институции во општината, младинци, спортисти, ученици, претставници од локалната самоуправа, невладиниот сектор, како и многу други претставници коишто веруваме дека Штип ќе го претстават во најдобро светло. Нашите претставници ќе учествуваат на повеќе настани, меѓу кои опфатена е промоција на македонските традиции, со фокус на локалните традиции во Штип, гастрономијата, образовните перспективи, спортските успеси и слично. Во наредните денови, претставниците од образовните институции ќе имаат можност да остварат соработка на полето на пронаоѓање партнерски институции за аплицирање на проекти од европските фондови. Исто така, наши претставници ќе имаат можност да учествуваат во дебата на којашто ќе се зборува за европските перспективи на земјата и регионот.
Обезбедена нова машина за ЈП „Исар“
ЈП „Исар“ Штип во изминативе неколку месеци работи домаќински и одговорно, во корист на граѓаните. Во само првото тромесечје од оваа година ЈП „Исар“ успеа да оствари заштеди во износ од 3.700.000 денари. Тие заштеди ЈП „Исар“ ги искористи за снабдување со ново возило – машина, којашто ќе биде искористена максимално за спроведување на сите важни активности на ова јавно претпријатие. Вчера беше промовирана новата машина во кругот на ЈП „Исар“.
„Денеска на големо задоволство, мое и на ЈП „Исар“ и на сите граѓани, имаме ново возило во ЈП „Исар“ коешто ќе биде ставено во функција веднаш за потребите на граѓаните со што за двојно ќе ги зголемиме нашите капацитети на ЈП „Исар“ и на Општината за да може да се извршуваат санации, нови канализации и водоводи и сите други комунални работи коипто се вршат со ваков тип на возила. Во првиот квартал само во ЈП „Исар“ имаме заштеди од 3.700.000 денари со што влеговме во набавка на ново возило кое чини некаде околу 5.200.000 денари со вклучено ДДВ со целата дополнителна опрема којашто е потребна за извршување на работите,“ истакна градоначалникот Бочварски.
Ова е пример за домаќинско и одговорно работење чијашто главна цел е остварување и задоволување на интересите на сите наши сограѓани. Новиот начин на работа воспоставен од новото раководство во ЈП „Исар“ се покажува на дело, а неговата реализација значително ги подобрува услугите коишто граѓаните ги добиваат, а исто така и особено внимателно се располага со парите на граѓаните.
Се работи првенствено на доследна и темелна изработка на сите активности, со акцент на квалитетна и трајно добра изработка. Темелниот пристап кон решавањето на проблемите и обезбедувањето квалитетна и долготрајна инфраструктура останува приоритет на оваа локална власт, на чијашто реализација сите заеднички работиме.
Дневни активности на јавни претпријатија
Денеска ЈП „Стипион 2011“ ќе работи на:
– Реконструкција на тротоар и атмосферска канализација на Булевар „ЈНА“
– Канализација на Булевар „ЈНА“
– Замена на улични светилки
– Обележување хоризонтална патна сигнализација
– Крпење ударни дупки
РЕ Водовод и канализација при ЈП „Исар“ ќе ги извршуваат следниве работни активности:
– Санирање дефект на водоводна линија на улиците „Скопска“ и „Добре Радосављев“ и „Личка“
– Подготвителни работи за реконструкција на улица „Каваклија“
– Изведба на нова водоводна линија за водоснабдување на населените места Балканска, Македонка и Чардаклија
– Канализација – разни локации во градот
РЕ Паркови и зеленило при ЈП „Исар“ ќе ги извршува следниве работни активности:
– Косење трева околу споменици од НОБ на Исарот
– Косење трева околу ЕМУЦ „Коле Нехтенин“
– Косење трева покрај улица „Сутјеска“
– Косење трева покрај дрворед на улица „Борис Крајгер“
– Косење трева покрај тротоарите на Булевар „Партизанска“ кон населба Баби
– Косење трева во корито на река Отиња
– Косење трева во паркова површина кај прва кула и патека кон Економски факултет