На ден 15.05.2018 год. (Вторник-наутро) Општина Штип преку овластена фирма, на територијата на општината Штип ќе спроведе тереистичка дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во периодот од 02 до 07 часот наутро, со апаратура за УЛВ ладно запрашување.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општина Штип, подрачјата по течението на реките Брегалница и Отиња, застојни води и подрачја околу каналиниот систем на трериторијата на општината, урбаните населби и локалитети.
Третирањето ќе се изведува со препаратот Ауродил Супер ПБ со активна супстанца permethrin, d-allethrin и со препаратот BIOPREN 4GR со активна материја Isopropyl (7S,2E,4E)-(+)-11-methoxy-3,7,11-Trimethyl ларвицид.
Во случај на неповолни временски услови (ветар, дожд и др.) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
Воедно, се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
За сите информации и прашања можете да се јавите на телефон за контакт во Општина Штип : 032/22 66 22