Во Штип заврши третото издание на спортската манифестација „Пролетни денови на училишниот спорт“, со рекордно учество на ученици. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека е задоволен од масовноста и вклучувањето на учениците во спортската манифестација „Пролетни денови на училишниот спорт“.
– Сакам да се заблагодарам на организаторите, бидејќи кај учениците се промовира спортот на најдобар можен начин, а тоа е и целта на локалната самоуправа да го промовира спортот како една вистинска вредност. Преку спортот се градат вистински карактери, да се научи да се победува, да се прифати пораз, како локална самоуправа ќе продолжиме со оваа манифестација и следните години надоградувајќи се со нови спортски дисциплини – изјави Јорданов.
Во манифестацијата учествуваа околу 600 ученици, а за успешна реализација на „Пролетните денови на училишниот спорт“ имаше соработка како со директорите на училиштата, така и со наставниците по спорт.
– Би сакал да им се заблагодарам на директорите на сите училишта за нивното разбирање и поддршка, на наставниците по спорт бидејќи без нивна асистенција целата оваа организација не би можела да се организира. Една пораката со сите учесници што земаа учество во Пролетни денови на училишниот спорт активно да се занимаваат со спорт во наредниот период – рече Тоше Ристов, раководител на Одделение за јавни дејности при општина Штип.
Од општината најавија дека за четврто издание планирано е воведување на нови спортски дисциплини за учениците.




