Почнаа првите подготовки за овогодинешното издание на Штипска Пастрмалијада, денес оддржан првиот информативен состанок. Состанокот беше наменет за угостителите кои имаат интерес за учество на ваквата манифестација. На истиот тие се информираа за условите и правилата за да имаат учество, за логистиката и поставувањето на штандовите, како и за рокот на пријавување, програмата и активностите што ќе се одржат оваа година. Инаку, оваа манифестација од година на година е се поголема и помасовна, па така и оваа година се очекува да биде подобра од претходната со доплнителни активости. На денешниот информативен состанок, угостителите имаа можност да разговараат со организаторите, а со тоа сите имаат поефикасна координација и подготовка за самиот настан, кој ќе биде следниот месец. И оваа година сите заеднички ќе бидат добри домакини и достојно ќе ги пречекаат гостите како од државата, така и од странство.

„Пастрмалијада 2025“ се најавува како голем настан кој ќе ги воодушеви сите љубители на добра храна и традиција, а е предвидена да се одржи на 20 септември. Посетителите истовремено ќе можат да уживаат во добрата храна, како и во добрата музика со познатитте македонски ѕвезди Владо Јаневски, Елена Ристеска и балканската музичка ѕвезда Дино Мерлин.