Личност на годината за 2024 на Југоисточна Европа – Престижно признание за Костадин Костадинов

Со признание за посебни заслуги во трансформацијата на градови и добро менаџирање – Личност на годината за 2024 на Југоисточна Европа во гравниот град на Франција, Париз се закити градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов.

За ова престижно признание одлучуваше Одборот на фестивалот на Југоисточна Европа што се одржува во Париз, Рим и Вашингтон.

„Да се биде меѓу најдобрите е за мене голема чест и признание, но и огромна обврска да продолжам да ја задржам оваа динамика.

Моето ветување дека Струмица ќе биде меѓународно афирмирана и признаена, е реализирано.

Продолжувам со истата ревност, во име на мојата Струмица и од срце“, напиша струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов.