Неделава се одржа првата сесија од Буџетскиот форум во Општина Струмица за фискалната 2024/2025 година. Преку форумот се очекува општинската администрација и граодначалникот Костадин Костадинов да ги добијат предлозите од граѓаните, во кои проекти да се насочат граѓанските пари. Целта е граѓанско креирање на општинските програми.
-Многу добри проектни иницијативи беа предложени и поддржани досега на овие форуми. Електричниот јавен превоз со 10 нови автобуси, изградбата на новиот градски пазар, го субвенционираме надоместокот за приклучок на гасификационата мрежа за домаќинствата и директно субвенционирање на цената на гасот од 10 денари по метар кубен гас, реконструиравме повеќе паркови и детски игралишта во градот и населените места.Транспарентна и отчетна Општина секогаш го слуша гласот на своите граѓани, рече градоначалникот Костадинов.
Организирањето на Буџетските форуми е традиција во Општината Струмица, каде преку активно учество на граѓаните, се концепира трошењето на буџетот за следната година.