Се бројат деновите до 6 септември, кога на сцената во Големиот парк во Струмица ќе излезат големи странски и домашни музички имиња, како дел од третото издание на „Get EXITed“.
Овој, сега веќе традиционален еднодневен музички спектакл, на големо задоволство на организаторите, изведувачите и публиката, претставува неверојатно плодна почва за создавање на еден од најквалитетните музички фестивали на Јужен Балкан.
Настанот што се организира во соработка со познатиот фестивал EXIT , во Струмица ќе ги донесе хитмејкерите Meduza тешки повеќе милијарди прегледи, креаторите на светски познатата клупска химна „The Mirage” – Agents of Time, афро-хаус дивата Layla Benitez, кралицата на балканската сцена Senidah, како и локалните изведувачи 2Bona, Young Dadi, Zee, Matej Foltz, DJ Popeye и Divizija.
-Фестивалот „Get EXITed”за краток временски период се етаблираше како еден од настаните во годината кој со нетрпение го очекуваме, обединувајќи светски и регионални ѕвезди на едно место кои придонесуваат за незаборавно искуство под Струмичкото небо. Успехот на овој фестивал е доказ за вистинската, братска соработка помеѓу соседни земји како Србија и Македонија, за посветеноста и ангажманот на сите инволвирани страни – од организаторите, до уметниците и се разбира, ентузијастите во публиката. Струмица продолжува да демонстрира квалитети на регионален центар – домаќин на настани од светска класа, а овогодишното издание на Фестивалот кој прераснува во традиција, ќе биде само уште една потврда за ова.” – изјави градоначалникот на Струмица Константин Костадинов зборувајќи за настанот.
Претставниците на фестивалот „EXIT” рекоа дека неговата мисија од неговото основање е поврзување на регионот и промовирање на мирот.
-Врската што EXIT ја гради со Македонија речиси четврт век е нераскинлива, а Get EXITed е само уште еден начин за дополнително зајакнување на таа врска. По две успешни изданија, неверојатно се радуваме на уште едно дружење со нашиот македонски тим, а со неверојатната програма што ја подготвивме, сигурни сме дека и публиката со нетрпение ја очекува оваа синергија. Наша желба е овој, сега веќе традиционален настан, да прерасне во голем македонски фестивал кој ќе ја направи Струмица важна точка на мапата на музичките случувања на Балканот” – велат од тимот на EXIT.
Драги Андонов, попознат како Кискин, кој ќе учествува на фестивалот, рече дека како локален артист, овој настан за него има посебна важност.
-“Get EXITed” е повеќе од фестивалска сцена – овој фестивал е платформа која нуди можност да го прикажеме неверојатниот талент што го имаме во нашата држава. Покрај присуството на светски познати имиња, овој фестивал креира можност за локалните артисти како мене да ги претстават својата музика и талент пред пошироката публика. Воедно, со доближување на светската сцена до нас и со можноста за запознавање и споделување на искуство со искусни музичари и артисти, “Get EXITed” нѐ поттикнува да бидеме покреативни, поиновативни и да донесеме нешто свежо и уникатно на нашата сцена.”, вели Андонов.
„Get EXITed“ како концепт на еднодневен музички настан во изминатите години ги собра големите имиња од светската и регионалната сцена како John Newman, Burak Yeter , Deborah De Luca, Mahmut Orhan, Konstrakta, Van Gogh, Lanna и многу други, со повеќе од 20.000 разиграни фанови во публиката.
Поради тоа, оправдани се очекувањата Струмица на 6 септември да собере поевеќеилјадна публика од регинот со третото издание на “Get EXITed”.