Со одлука на Советот на Општината Струмица, а по предлог на градоначалникот Костадин Костадинов, Малиот градски парк доби ново име – Петте струмички студенти, во чест на препрано загубените животи.
-Ова е најголемата почит којашто ја заслужуваат и студентите и нивните фамилии. Заборав за Пецев, Белев, Јармов, Топчев и Костуранов, нема да има и нема да дозволам мешање во историјата за собирање на ефтини политички поени, напиша градоначалникот Костадинов.
Паркот со ова, ќе потсетува на петте недолжни студенти, кои во 1951 година кај Ќучук Чешма – село Дорломбос, беа убиени по долго мачење од припадниците на тогашна УДБА.
Студентите од Струмица Борис Белев, Стеван Топчев, Мирко Пецев, Георги Јарамов и Георги Костуранов сите од угледни струмички семејства, се пресретнати од 14 службеници на УДБА и убиени. Потоа нивните тела се погребани во заедничка гробница. Тогаш службата ја соопшти верзијата дека загинале при обид илегално да ја преминат границата и да пребегаат во Грција. Од Грција, како што соопшти УДБА, имале намера за заминат на Запад.