Завршија работите на реконструкција на дел од улицата „Ѓорѓи Трајков“, кој доби прв слој на асфалт. Претходно, целосно беше отстранет стариот слој на асфалт, а беше заменети старите ивичњаци со нови.
Исто така беа поставени и нови сливници за собирање на атмосферската вода. Ова со цел да се заштити овој дел од градот од поплави, по силни врнежи од дожд.
Овие градежни работи беа само дел од интензивната реалзаиција на општинските програми за тековната 2024 година. Работите продолжуваат со нови градежни активности на улиците и патиштата од градот и населените места.