Последните неколку денови и недели на улиците на Струмица граѓаните сведочат на зголемени активности на градежната оператива, која на делови од градот донесе нов, изменет изглед.
По целосната реконструкција на водоводниот систем денес се асфалтираше на кружниот тек на крстосницата на улиците „Крушевска Република“, „Балканска“ и „Маршал Тито“ кај ЕВН. Асфалтирана е вкупна површина од 1.350 квадратни метри, по што продолжија работите на други улици во градот.
Завршија работите на новиот булевар „Братство Единство“. Беше изграден првиот булеварски мост во историјата на Струмица, ставени се нови семафори на крстосницата на булеварот „Климент Охридски“ со улицата „Братство Единство“, нов кружен тек на крстосницата меѓу улиците „Братство Единство“ и „24 Октомври“, целосно е асфалтирана улицата „Братство и Единство“, а обележана е велосипедската патека.
-Денеска сме сведоци, особено граѓаните, дека сите лаги и манипулации на опозицијата паѓаат во вода.
Додека тие лажат и манипулираат, ние од срце ја градиме и развиваме Струмица, вели градоначалникот костадин Костадинов.
Вкупната инвестиција за сите овие активности изнесува 61 милион денари. Изведувачи на работите се струмички компании кои се јавија на јавните повици на општината. Со тоа, парите од струмичани, завршија во струмичките компании.
Градежните активности не завршуваат тука. Асфалтиран е дел од улица „Ѓорѓи Василев“ во Струмица, на потег од ул. „Маршал Тито“ до Здравствениот дом. Асфалтираен е крак од улицата „Ката Поцкова“. Работите продолжуваат понатаму со нови улици во градот и населените места.