Градоначалникот на Општина Штип денес во својот кабинет ги прими претставниците од боксерскиот клуб Пинк Пантер.
Повод за средбата беше постигнатиот успех на боксерите од Пинк Пантер на меморијалниот турнир “Јордан Мијалков”, кој викендов се одржа во спортско-рекреативниот комплекс “Џексон”.
На споменатиот турнир, боксерот на Пинк Пантер, Александар Панов се закити со златен медал и пехар за најдобар боксер на турнирот, додека Али Расимов го доби златниот медал и пехар за најмлад учесник на турнирот.
Со златен медал се закитија уште и Иса Бајрам и Мухамед Мемедов и двајцата дел од боксерскиот клуб Пинк Пантер.
Селекторот и тренер на “Пинк Пантер”,Петре Чурлиновски доби признание од боксерската федерација на Македонија и плакета за “животно дело”.