Во тек се подготовките за поставување асфалт на улицата „Корушка“ соопштија денеска од кабинетот на градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Во писменото соопштение се наведува дека оваа улица не била реконструирана во изминатите 60 години, а во првата фаза се реконструираше подземната инфраструктура, односно извршена е промена на водоводна и канализициона мрежа.
- Во процесот на реконструкција на улицата „Корушка“ беа вклучени и екипи од ЈП „Исар“.Инвестицијата е на Општина Штип во вредност од 1.497.000 денари. Откако заврши промената на подземната инфраструктура се работи на отстранување на коцката и започнување со асфалтирање со цел пристапот да е полесен и современ како што доликува, се вели во соопштението од Општина Штип.
Посочуваат дека секојдневно се работи на реконструкција на повеќе улици, во повеќе населени места, со што Општина Штип ќе добие нов урбaн изглед.