Продолжува соработката на општина Струмица со граѓанскиот сектор, преку доделување на општински средства за проекти на граѓанските организации. Деновиве беше одржана средба за претставување на проектите кои во текот на минатата година добија општински средства.
Станува збор за буџетски средства за поддршка на проекти кои се однесуваат на приоритетните области определени од општината Струмица.
На средбата исто така стана збор и за плановите за новите средства како дел од Програмата Г1 – Поддршка на ЛЕР, Програмата V2 – Социјална заштита и Програмата за еднакви можности на мажите и жените. Со оглед на тоа дека изборите се распишани и не е дозволено распределба на буџетски средства, тоа ќе се направи по завршувањето на изборите.