„Кавалирите“ во Струмица возат бесплатно и еколошки

Пролетното време го полни паркот во Струмица, а на повозрасните граѓани им дава можност да излезат од своите домови и да ја испробаат новата бесплатна услуга – прошетка со двете еколошки возила познати како „кавалир“.


Двете електрични возила започнаа да возат низ паркот од почетокот на месецот, а се движат и низ плоштадот и пешачките зони. Достапни се бесплатно за сите граѓани, но предност имаат повозрасните и лицата со попреченост.
„Кавалирите“ се пракса од главниот град на Словенија, Љубљана, а сега таа можност за возење во еколошки возила ја добија и струмичани, први во државата.