Започна подготовката за асфалтирање на неколку улици во населбата “ Балканска “ кои според градоначалникот Иван Јорданов до сега никогаш не биле реконструирани, а нов асфалт ќе добијат и влезовите од населбата.
Се работи за инвестиција вредна 1 милион денари од буџетот на општината.
- Во населбата Балканска се работи на неколку пристапни улици кои што ќе бидат припремани за асфалтирање во следните денови. Практично ќе бидат асфалтирани влезовите на населбата Балканска, како и неколку краци што се надевам ќе им овозможи полесен пристап до населбата на локалните жители, рече денес градоначалникот Јорданов.
Тој потенцираше дека освен во оваа населба градежни активности во моментов се извршуваат уште и во населбите Караорман и Железничка.
- Во истиот период се работи и во населба Караорман и во населба Железничка, така да деновиве очекувам да се изврши асфалтирањето на неколку улици во споменатите населби, додаде градоначалникот Јорданов.
Градежните активности на терен ќе продолжат се додека тоа го дозволуваат временските услови, нагласи Јорданов.