Почитувани,
Согласно Одлуката за продолжување на работното време на угостителските објекти, за време на Велигденските празници на сите угостителски објекти им се продолжува работното време за два часа во деновите:
- 06.04.2018 година (петок) до 02,00 часот;
- 07.04.2018 година (сабота) до 03,00 часот;
- 08.04.2018 година (недела) до 03,00 часот.
На угостителските објекти кои се наоѓаат во колективни станбени згради, работното време им се продолжува за само еден час.