Продолжува санацијата на оштетената патна инфраструктура од невремето во Делчево. Улицата „Царевоселска“ доби нов асфалт во должина од 220 м, а беше санирано и површинското одводнување на водата до постоечките сливни решетки и сливници.
Работите ги изведува ЈП за одржување магистрални и регионални патишта.
Деновиве започна санацијата и на кракот од бул „Македонија“ кој беше најоштетен од невремето. Санацијата на оштетената патна инфраструктура е во рамките на Одлуката на Владата за санација на последиците од невремето со која е предвидена санација и на патната инфраструктура оштетена од невремето во Делчево.