Утре ( 27.06.2023 ), во периодот од 05.00 до 7.30 часот наутро, Општина Штип на територија на општината ќе врши авионска дезинсекција, со цел уништување на возрасни комарци.
Запрашувањето ќе се спроведува преку овластена фирма, а истото ќе ги опфати централното и приградско подрачје, како и течението на река Брегалница, река Отиња и зелените површини во урбаните населби на територијата на Општина Штип, со вкупна површина до 850 хектари.
Како што соопштуваат од општината, третирањето ќе се врши со препаратот KULFAK 50 EC со активна супстанца cyano-2-propil.
Во случај временските услови да не дозволат, дезинсекцијата ќе се изврши некој нареден ден, велат во официјалното соопштение од Општина Штип, апелирајќи пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
За сите информации и прашања можете да се јавите на телефон за контакт во општината: 032/22 66 22