Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов, денес во својот кабинет ги прими младите и талентирани каратисти од карате клуб Штип, како и џиу џицу борачите од клубот Осенсеи, кои изминатиот период постигнаа значителни резултати на домашни и меѓународни натпревари.
- Спортот е најдобриот пат младите да ги достигнат своите цели и остварат своите сништа,а воедно преку своите успеси да бидат амбасадори на нашата општина, рече на средбата Јорданов.
Тој додаде дека локалната самоуправа како и до сега ќе продолжи да биде максимална поддршка на младите и талентирани спортисти на патот кон остварување на големи достигнувања и во иднина.
Во таа насока, како новитет во работата на комисијата за спорт , во иднина ќе бидат доделени вредносни ваучери од 3-5000 денари на секој спортист поединечно, за постигнувања на меѓународна сцена, вели Дејан Здравков претседател на комисијата.