Започна реконструкцијата на канализациската мрежа на штипскиот булевар „Партизанска“ со што се решава деценискиот проблем со поплавувањето на подрумите во околните згради конечно ќе се реши.

Штипскиот градоначалник Јорданов вели дека инвестицијата е 900 илјади денари, пари од буџетот на општината.

– Ваквиот начин на темелно решавање на проблемите ќе продолжи и во наредниот период мораме да ги решаваме, без разлика што за нас се финансиски издаток, рече Јорданов.

Паралелно со ова вчера започна и изградбата на конзолите на река Отиња, што ќе значи проширување на улицата „Маршал Тито“.


 
– Станува збор за потегот од хотел „Оаза“ до црквата Свети Никола и очекувам овој зафат да се заврши во наредните недели за потоа да се префрлиме на потегот од ОУ „Ванчо Прќе“ до Основниот суд, рече Јорданов.

Во однос на новиот мост кој ќе се гради на реката Отиња, веднаш до веќе постоечкиот, Јорданов најави дека ќе се распише тендерска постапка.