типските советници од мнозинството денеска на Совет повторно гласаа за издавање на општинска обврзница откако првиот обид лани пропадна бидејќи Владата на два пати го одложуваше разгледувањето на седница, а потоа во декември и ја тргна оваа точка од дневен ред.
Денеска штипскиот градоначалник Иван Јорданов истакна дека обврзницата исто како и првиот пат, ќе биде во износ од четири милиони евра. Парите ќе отидат за капитални проекти – продолжување на булеварот „Партизанска“, изградба на обиколница, затворен градски пазар, поставување фотоволтаици на општинските објекти и поставување турбина на Филтер станицата.
Советничката група на СДСМ побара од градоначалникот да им каже точна сума за тоа колку би чинеле овие проекти, истакнувајќи дека не се против реализација на капитални проекти.
Издавањето на општинската обврзница и покрај тоа што тие не гласаа, беше изгласано од владеачкото мнозинство.
Градоначалникот Јорданов неколку пати истакна дека очекува овојпат Владата да не го кочи процесот и да му дозволи на Штип да се развива.