Со еден милион денари, Општина Карбинци ќе реконструира пат во атарот на селото Таринци, како дел од проектот „Без кал до нивите“.
„По реконструкцијата на неколку полски патишта во нашата општина продолжуваме понатаму, обезбедени се финансиски средства во висина од 1.000.000 денари од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развоj(АФПЗРР) за реконструкција на земјен пат, тампонирање во атарот на село Таринци.
Со овој проект ќе го подобриме пристапот до земјоделските површини и околните фарми,“ информира градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов.
Постапката ќе започне за избор на изведувач, по што ќе следува и реализацијата.