Разеленување, уредување и целосно освлетлување на кејот на река Отиња во Штип најави градоначалникот Иван Јорданов.
– Во наредниот период ќе бидат засадени повеќе од 1500 садници обезбедени од општествено одговорни компании со што штипјани ќе добијат зелена пешачка зона во центарот на градот. Проектот вклучува и вградување на повеќе од 200 канделабри и стотина клупи кои ќе бидат поставени на кејот на реката, рече Јорданов.
Проектот се очекува да се реализира во текот на годинава.