Новиот мост на реката Брегалница и централното градско подрачје се црни точки на територијата на градот – ова беше заклучено на седница на Советот на превенција на Штип и беа дадени насоки за тоа како во иднина да се превенираат сообраќајните незгоди.
– Предлозите кои беа дадени беа во насока на почести контроли од страна на сообраќајните службеници, поставување на соодветна сообраќајна сигнализација и сл. Се она што е во рамки на законот ќе биде применето за во наредниот период овие критични точки во градот бидат исконтролирани, вели градоначалникот.
Градоначалникот Јорданов најави и дека во наредниот период се очекува да почне со работа и општински совет кој ќе се користи за зголемување на безбедноста во градот. Тој информира дека се разговарало и за зголемениот број кражби во градот и како да се преземат мерки во однос на тоа, но и да се зголеми бројот на полициски службеници на терен.
Од СВР Штип истакнаа дека во моментот се задоволни истакнаа дека во моментот се задоволни од безбедноста во градот. Според нивните извештаи, намален е и бројот на сообраќајни незгоди со смртни последици.