По примерот на другите населби во градот и населбата Осми Ноември ќе добие нов повеќенаменски парк. Паркот како што информираше градоначалникот Јорданов ќе биде со вештачка трева, целосно ограден и осветлен, а ќе се постават и нови летниковци и детски реквизити.
– Овде се уредува повеќенаменски парк со различни содржини. Се работи на поставување на вештачка трева за мал фудбал, практично терен кој ќе биде ограден и осветлен, а се поставува и специјализирана подлога за баскет, рече Јорданов.
Тој најави дека истовремено ќе се работи и на уредување на содржини и во останатите населби во градот. Паркови ќе се уредуваат и во парковите во населбите Пребег, Сењак 4, Караорман и Автокоманда, а во населбата Балканска ќе се работи на спортското игралиште.