Општина Штип денеска објави јавен повик за поднесување понуди за доделување линии и пакет линии за вршење на општински линиски превоз на патници во општината и субвенционирање на линиите.
Новиот јавен повик беше одобрен минатата недела од страна на штипскиот совет, откако првиот не успеа бидејќи немаше ниту еден заинтересиран превозик. Обеазложение беа малите суми за субвенции, па претходните 40 денари за километар сега се зголемени за 100% и изнесуваат 80 денари за конкретните линии.
Ова сепак не е единствената измена, има промена во условите, начинот и постапката за доделување на линии на превозниците, со цел на новиот тендер да има зинтересирани превозници.
Ова е јавниот повик: