Општина Гевгелија меѓу најтранспарентните институции со оценка „многу добра“

Според истражувањето на Центарот за граѓански
комуникации за мерење на степенот на активна транспарентност
на државните институции за 2022 година, Општина Гевгелија е
меѓу најтранспарентните институции, чија активна транспарентност
изнесува 92,9 од 100%. Со ваквиот процент, Општина Гевгелија се
наоѓа во групата институции со „многу добра“ активна
транспарентност, односно исполнување на обврските од 80% до
100%.
Од испитаните 98 државни институции, Општина Гевгелија
е рангирана на 13 место, а меѓу Општините од Југоисточниот
регион, годинава, е на второто место.