Деветмина жители на Општина Конче вклучени во проектот за општокорисна работа, преку Агенцијата за вработување.
Овие лица ќе бидат ангажирани за реализирање на бројни активности, според потребите на Локалната самоуправа. Овие лица ќе се грижат за јавната чистота, ќе бидат вклучени во уредување на улиците и патиштата, одбележување на пешачки патеки, санирање на оштетени огради на мостови, сечење и кастрење на обраснати дрвја покрај локалните патишта како и многу други активности.
Овие активности, ангажираните лица , според склучениот договор со Агенцијата за вработување, ќе ги извршуваат 22 дена, информира градоначалникот на Општина Конче, Златко Ристов.