Најмногу десет тренери во спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот од Струмица ќе бидат селектирани за финансиска поддршка што ја дава општината. До 18 август тече Јавниот повик за поддршка на тренери во спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот кои делуваат на територијата на Општина Струмица. Финансиската поддршка е за тековната 2022-та година.
-Струмица е спортски град, а спортистите и спортските работници со нивните успеси, наша гордост. Како нивни пријатели, ги поддржуваме и поттикнуваме на уште поголеми спортски победи, соопшти градоначалникот Костадин Костадинов, најавувајќи го повикот за тренери.
Средствата ги обезбедени од општинскиот буџет, додека подетални информации може да се прочитаат на општинската веб страница www.strumica.gov.mk .