Штипскиот булевар „Партизанска“ доби „лежечки полицаец“ со цел поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот. Директорот на ЈП Стипион, кое е надлежно за штипските патишта, вели дека лежачки полицаец бил поставен и на улицата „Лески“ во населба Баби, а во изминатите месеци исти биле поставени и на улицата „Панче Караѓозов“, „Вардарска“ и во населбата Сењак.
– Одлуките за поставување на лежечки полицајци се од сообраќајната полиција. Овој на „Партизанска“ е поради бројните сообраќајни незгоди кои се случуваат токму на овој дел на градот. Лежечкиот полицаец во населбата Баби е веќе со сообраќаен проект, исто така одобрен од сообраќајната полиција, рече Ефтимов потенцирајќи дека лежечки полицајци ќе се поставуваат и во наредниот период, по проекти одобрени од сообраќајната полиција.
Ефтимов вели дека лежечките полицајци се набавуваат преку јавен тендер за набавка на сообраќајни знаци и дополнителни материјали.
Во наредиот период два лежечки полицајци ќе бидат поставени и во населбата Караорман.