Штипјани од наредниот месец електронски ќе можат да ја пријават состојбата на своите водомери, со што како што велат од ЈП Исар, се решава проблемот на граѓаните кои не се овде, им се олеснува на останатите граѓани, а се штеди и на ресурси на претпријатието.
– Електронски ќе може и да се симнат сметките за вода. Системот е надограден, со што и правните лица електронски ќе може да плаќаат без провизија. Досега околу 30 отсто од правните лица и 27 отсто од физичките го користат системот и ги плаќаат своите сметки на овој начин, вели директорот на ЈП Исар, Трајче Здравков.
Директорот вели дека детали за тоа како треба да се користи електронскиот систем има на веб страницата на претпријатието, а граѓаните дополнително може да се обратат во нивниот инфо центар или на нивната страница на фејсбук. Постарите граѓани Здравков вели може и да дојдат, а лица од Исар ќе ги регистрираат на системот.