(видео) Македонски автори и изведувачи на 11-тото издание на Струмица опен фестивал

Со македонски евергрини во Малиот градски парк во понеделник, 25 јули започнува 11-то издание на Струмица опен фестивал. Ова издание опфаќа дваесетина настани од повеќе области на културата и уметноста. Градоначалникот Костадин Костадинов повикувајќи ги струмичани, но и гостите на Струмица истакна дека е горд што градот ќе биде домаќин само на македонски изведувачи и уметници, а една од манифестациите што посебно ја издвои е вечерта на прерано починатиот Гоце Арнаудов.


видео: Костадин Костадинов, градоначалник на Општина Струмица